Центар Жупа втора станица од турнејата на ЕУ-автобусот

Од:

Автобусот на ЕУ, како дел од информативната кампања „ЕУ одблизу“ денеска ќе биде меѓу жителите на Центар Жупа.

Евроамбасадорот Аиво Орав вчера, по повод почнувањето на турнејата на ЕУ-автобусот, потенцира дека активноста е дел од програма за одбележување на 9 Мај – Денот на Европа и се одржува трета година по ред, бидејќи се покажа како многу успешен проект за доближување на ЕУ до локалното население.

Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, пак ја подвлече и финансиската помош од Унијата за Македонија.

– Во досегашниот период 2007-2013 година од ЕУ се доделени околу 600 милиони евра за Република Македонија, а веќе се комплетира и новиот пакет за финаниска поддршка на земјава со нови 600 милиони евра за периодот 2014-2020 година. Овие пари од ЕУ ќе бидат наменети за подобрување на економскиот систем во РМ, за нашата администрација, за инфраструктурата, односно за идните генерации во земјава да се што поблиску до начинот и стандардот на живеење во ЕУ, рече Бесими.

Заедно со претставници на Делегацијата на Европската Унија, во автобусот ќе бидат амбасадори на неколку земји-членки на Унијата, претставници на Владата, Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој (ИПАРД), како и локалната невладина организација Европско движење, студенти и претставници на медиумите.

ЕУ-автобусот во следните денови треба да ги посети и Шемшево, Ростуше, Јосифово, Новаци, Студеничани, Истибања, Зрновци и Старо Нагоричане. Прва станица на ЕУ-автобусот беше Општина Чашка, Велешко.

Би можело да ве интересира

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати