Центар: Жерновски ја донираше декемвриската плата, продолжуваат хуманитарните активности

Од:

Општина Центар во изминатиот период организираше низа добротворни активности за помош на 100-тина деца кои потекнуваат од социјално загрозени семејства и живеат на територија на општината.

Околу 760.000 денари беа собрани во овие хуманитарни активности, од кои 600.000 денари се донациија од самите артисти кои настапуваа на пречекот на новата година на Сквер Јадран, организиран од општина Центар.

Граѓаните ја покажаа својата хуманост донирајќи средства на пултовите за донации, поставени на повеќе локации на централното градско подрачје.

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, ја донираше својата декемвриска плата, а и вработените во општинската администрација одвоија финансиски средства и пакети со облека, средства за хигиена и храна.

Повеќе компании донираа средства на жиро сметката со назив „Помош за социјално загрозени групи“.

Општина Центар ги повикува сите центарци и правни лица да ни се придружат за да донесеме малку радост и топлина во домовите на овие деца.

До 5-ти февруари ќе биде отворена жиро сметката 7820141.22078540, со називот „Помош за социјално загрозени групи“.

Средствата кои ќе бидат собрани, транспарентно и јавно ќе бидат доделени на оние на кои им се најпотребни, соопштуваат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски