Центар започнува со изградба на парк за миленичиња

Од:

На Светскиот ден на љубов кон миленикот, општина Центар започна со изградба на парк за миленичиња.

Паркот е сместен во рамките на “Паркот на новинарите”, спроти Министерството за образование и наука, и е на површина од 308 метри квадратни.

За поголема безбедност, просторот ќе биде опколен со ограда висока 2 метри

Паркот ќе биде збогатен и со урбана опрема, односно клупи и корпи за отпадоци. Во договор со граѓаните, ќе бидат поставени и реквизити за миленичињата и ќе овозможи активно дружење со домашните миленици, соопштуваат од Општината.

Како што посочува градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, општината е во постојана комуникација со своите жители, и се грижи за нивните потреби.

Би можело да ве интересира

Хасан: Бетон Герасимовски го допре дното, ја преименува ,,Феникс“ и не додели награди на лица кои комисијата ги избра за добитници

Предраг Петровиќ

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ