Центар започнува акција за надминување на проблемот со бучавата

Од:

Од утре, општина Центар ја започнува акцијата за надминување на проблемот со бучавата во централното градско подрачје. Акцијата ја преземаме на барање на граѓаните кои се жалеа на бучава од околните ноќни клубови, кафулиња и кафеани.
Согласно законите кои ја регулираат оваа област, инспекциските служби на Општината ќе излезат на терен и ќе ја мерат бучавата, по што ќе бидат преземени соодветни активности.

Службите ќе постапуваат и по претставки од граѓаните, кои можат своите забелешки да ги јават во текот на работното време, од 08:00 до 16:00 часот, на телефонските броеви: 070 359 784 (Костадин Дуковски), 071 377 819 (Михајло Аритоновки) и 076 313 390 (Душан Велиновки).

Општина Центар напоменува дека секоја злоупотреба со пријавување на непостоечки проблем е на трошок на граѓанинот.

Општина Центар сака да ги извести граѓаните дека многу поплаки во Општината пристигнуваат поради бучавата од дискотеките во Градскиот Парк. Сакаме да појасниме дека за бучавата и за се што ќе биде забележано во и околу овие дискотеки, е во надлежност на општина Карпош.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар