Центар за истражување и анализа: Над 60% од населението ќе излезе да гласа на локалните избори

Од:

Над 60 проценти од населението во Македонија ќе излезе да гласа на претстојните локални избори што треба да се одржат во март, покажува истражувањето на Центарот за истражување и анализа спроведено од 18 до 22 февруари.

На прашањето дали ќе излезат да гласаат на престојните локални избори, 62,46 проценти од испитаниците одговориле потврдно, 15,95 проценти се изјасниле негативно, додека 21,58 отсто не знаат.

Од вкупниот број испитаници, 56,63 проценти не го поддржуваат бојкотот на опозицијата на локалните избори, а 24,22 отсто се за бојкот. Со „не знам“ одговориле 19,15 проценти.

Истражувањето е спроведено на ниво на државата на  репрезентативен примерок од 2.127 испитаници, по метод на теренско анкетирање. Реализирано е во временските интервали од 10 до 14 часот и од 18 до 20 часот со цел да бидат опфатени сите социјални групи на граѓани.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

Објавени првите резултати од изборите во БиХ и Република Српска: Кој води?

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“