Центар: Во општината, ниту МТСП испратило барање за локации за градба на објекти, ниту пак се градат било какви објекти за мигранти

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ повторно без срам ја манипулира јавноста дека во општина Центар ќе се населеле мигранти. Во општината, ниту министерството за труд и социјална политика испратило барање за локации за градба на објекти, ниту пак се градат било какви објекти наменети за мигранти.

Темата мигранти е фиктивна конструкција на ВМРО-ДПМНЕ која на терен ја реализира граѓанската иницијатива “Будење”. Во неколку општини и градови граѓанската иницијатива “Будење” собираше потписи против населувањето мигранти, со една и јасна цел- да го заплашат народот. Но ова сценарио го срушија самите собирачи на потписи, а потврда за тоа се и фотографиите во кои се гледа како граѓаните од иницијативата ги внесуваат масите во општинскиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во населбата Аеродром.

Затоа и на вчерашната седница на Советот на општина Центар, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ немаше аргументирано образложение зошто бара ваква точка итно да се стави на дневен ред.
Оттука, почитувани ВМРО-ДПМНЕ, научете дека довербата кај граѓаните се добива единствено преку работа и дела, а не преку валкани сценарија.

Наместо да се бавите со непостоечки теми, работете.

Не обвинувајте за обезбедување работни места, подобар стандард и егзистенција.

Вие сте тие кои со лажните ветувања 10 години го замајувавте народот. Вие сте тие кои им го срушија сонот на многумина дека животот ќе им биде поубав.

Бидете паметни и во иднина покажете колку ви е грижа со проекти и дела.

Бидете здрава и разумна опозиција за уште посветла иднина“, се вели во реакцијата на Општина Центар на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски