Центар: ВМРО-ДПМНЕ лаже, злоупотребувајќи ги децата

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ повторно ја лаже јавноста со цел да добие ситни политички поени во Центар, овојпат злоупотребувајќи ги учениците.

Сепак, јавноста мора да ја знае вистината а таа е следната: При електричниот дефект во ОУ „Димитар Миладинов“, здравјето и безбедноста на учениците во ниеден момент не било доведено во прашање.

Учениците превентивно се ослободени од настава, со цел да се отстрани дефектот и тоа е одговорна и правилна одлука на управата на училиштето.

Второ, неисправната електрична инсталација која го предизвикала овој спој, е поставена во времето на градоначалникот Владимир Тодоровиќ од ВМРО-ДПМНЕ. Како и се друго направено во нивно време, така и оваа инсталација е направена со многу лош квалитет.

Последиците од таквите криминални реконструкции и работење на ВМРО-ДПМНЕ се токму овие. Кое лицемерие е ВМРО ДПМНЕ да го обвинува градоначалникот Жерновски за негрижа, кога токму тие се виновни за лошата реконструкција на инсталациите во училиштето? Дали ќе го повикаат Тодоровиќ на одговорност за ова? Апсурдите на ВМРО-ДПМНЕ немаат крај.

Ги повикуваме да престанат да ја манипулираат јавноста, бидејќи јасно е зошто катастрофално ги изгубија изборите и зошто никогаш нема да ја вратат довербата на центарци“.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски