Центар: Срамниот вокабулар на Ристески – резултат на страв, гнев и недостаток на домашно воспитување

Од:

„Ваквиот речник на советникот Ристески е срамен и недоличен. Навредите како „дрво од градоначалник“ и вокабуларот кој тој и неговата партија го користат се резултат на многу страв, гнев и недостаток на домашно воспитување.

Центарци пред се’, бараат политичари со основно домашно воспитување, кое Ристески го нема. Овој настап на советникот е навреда за граѓаните на Центар кои гласале за него и неговата партија.

Прес конференциите на ВМРО-ДПМНЕ се одржуваат само за лично да се навредува градоначалникот Андреј Жерновски.

Бесцелно е веќе да им се одговара на лагите и навредите на советниците на ВМРО-ДПМНЕ. На Ристески ќе му поставиме само едно прашање: Ако се’ било подготвено за ново училиште и нова градинка од страна на ВМРО-ДПМНЕ, зошто тие цели 13 годни не го изградија?

Ја разбираме паниката на ВМРО-ДПМНЕ за убедливо најслабиот резултат во Центар и поразот од преку 8.500 гласа разлика. Но, овој навредлив говор ќе донесе само поголеми загуби на нивното конто.

Покрај тоа, центарци знаат дека освен испраните 55 милиони за барок и споменици, преку општинскиот буџет, ВМРО-ДПМНЕ ништо не направи за нив во три мандати.

Со ваквите настапи нема да го подобрат сопствениот рејтинг, ниту да го намалат рејтингот на градоначалникот кој и според нивните анкети е највисок досега“, се вели во реакцијата на Општина Центар на прес конференцијата на Јордан Ристески.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски