Центар се збратимува со Пекинг

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска ја прими неговата екселенција, Амбасадорот на Н.Р. Кина, Вен Женшун.

„На средбата се разменети ставови за актуелниот политички момент во Република Македонија, за предвремените парламентарни избори и за вчерашните преговори на политичките партии со посредство на меѓународната заедница. На средбата, која се одржа во кабинетот на Жерновски, договорено е скоро збратимување на општина Центар со Шиченг – политичката, административната  и финансиската престолнина на Пекинг.

Жерновски - Женшун (1)

Договорено е во месец април, делегација на Шиченг, предводена од градоначалникот Ванг Шаофенг, да престојува во работна посета на Скопје. Тогаш и официјално ќе започне  процесот за договор со градоначалникот Жерновски за збратимување на двете општини, со цел изградба на взаемни пријателски односи, за размена на искуства, соработка и заеднички развој.

Предвидена е соработка на полињата на туризам, култура, образование и економска соработка, како и пријателски размени меѓу младите“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар