Центар: Претседателот на Скопје 1, Панчевски, незаконски сакал да догради два спрата и поткровје

Од:

„По изнесените невистини од страна на претседателот на Основниот Суд Скопје 1, Владимир Панчевски, општина Центар сака да ја информира јавноста за вистината околу доградбата на неговиот објект.

Имено, Владимир Панчевски, заедно со уште двајца инвеститори, бесправно и без дозвола направиле надградба на зградата на ул. „Никола Вапцаров“ бр.6. Тие од општина Центар, во јуни 2015 година, добиле одобрение за „реконструкција и санација на фасадата во рамки на постојниот габарит“, кое им следува законски. Со ова решение тие немале право да направат никакво проширување или надградување на објектот. Потоа, во средината на 2016 година, тие поднеле барање за надградба на објектот, кое во август 2016 година било одбиено и вратено на доработка заради јасно наведени недостатоци во проектната документација.

Инвеститорите, меѓу кои и Владимир Панчевски, на своја рака решиле да си доградат уште два ката и поткровје, без да поседуваат соодветна дозвола за тоа.

Инспекцијата на општината, согласно законските прописи и во рамки на своите надлежности, издала барање за рушење на доградените спратови. Законот важи подеднакво за сите и општината ќе постапи според законот.

Уште еднаш ја потсетуваме јавноста, дека во текот на вчерашниот ден, истражители од основниот суд ја посетија општина Центар и ја одзедоа документацијата за овој предмет, за што веќе ја информиравме јавноста. Образложението е дека се работи за судски предмет, за кој не можат да даваат информации.

Ги повикуваме медиумите да го следат и истражат случајот до крај, за каков предмет се работи, кој е обвинет и кои се вистинските причини за ова запленување“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории