Центар: Опседнатоста на ВМРО-ДПМНЕ со градоначалникот Жерновски станува загрижувачка

Од:

„Веќе десет дена по ред, ВМРО ДПМНЕ одржува бесцелни прес конференции повторувајќи ги истите работи.

Опседнатоста на ВМРО-ДПМНЕ со градоначалникот Жерновски станува загрижувачка. Очигледно е дека се’ уште не може да се помират со катастрофалниот резултат во општина Центар, каде изгубија убедливо со најголема разлика споредено со сите општини во Македонија.

Граѓаните добро знаат што направи ВМРО-ДПМНЕ за 13 години владеење во Центар, кое владеење ќе остане запаметено по огромниот криминал во изградбите на непотребните споменици и барокни згради. Затоа и така ги казнија на последните избори, затоа така ќе ги казнат и на следните.

Градинки и училишта во општината почнаа да се градат за првпат токму со доаѓањето на актуелното раководство. Ова раководство е првото после 13 годни власт на ВМРО-ДПМНЕ во Центар, што почна да се грижи за вистинските проблеми на граѓаните, кое изгради нова градинка по 42 години. Во тек е и изградба на ново училиште, прво по цели 47 години.
Само во последните три годни се асфалтирани повеќе улици отколу во претходните два мандати на градоначалниците на ВМРО- ДПМНЕ.

Им порачуваме сериозно да размислат на што се должи катастрофалниот резултат кој го имаат во Центар и да почнат да прават промени во своите редови, бидејќи со вакви јалови настапи, поддршката од центарци нема да ја добијат ни во иднина“, се вели во реакцијата на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар