Центар: Ние градиме, а од ВМРО-ДПМНЕ ќе се запаметат само спомениците и коруптивните зделки со градежната мафија

Од:

„Советниците на ВМРО ДПМНЕ на својата прес конференција го нападнаа градоначалникот Жерновски, дека не го потпишува документот за изградба на салата во ОУ „Кирил и Методиј“, за веднаш потоа, сами да се демантираат, велејќи дека не би биле зачудени ако градоначалникот веќе го има потпишано документот. Оваа конфузна прес конференција укажува на безидејноста на советничката група на ВМРО ДПМНЕ.

Во неверување од бројните реализирани проекти на актуелното раководсто, ВМРО ДПМНЕ повторно неосновано, напаѓа за веќе реализирани обврски на градоначалникот Андреј Жерновски. Уште еднаш ја информираме јавноста дека документот кој веќе два дена го споменува ВМРО ДПМНЕ е потишан, а салата може непречено да се гради.

Граѓаните знаат дека во овие три години се реализирани повеќе проекти отколку во сите 13 години додека беше ВМРО ДПМНЕ на власт во Центар. Од нивното владеење ќе се запаметат само спомениците и коруптивните зделки со градежната мафија. Ништо повеќе“, се вели во реакцијата од Општина Центар.

Ова е одговор на соопштението на советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар, во кое тие го обвинуваат градоначалникот Андреј Жерновски дека не го потпишал решението за изградба на спортска сала во ОУ „Кирил и Методиј“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар