Центар: Несовесноста на родител стави 22 првачиња во училиштето „Гоце Делчев“ во самоизолација

Од:

Во две паралелки од основното училиште „Гоце Делчев“ во изолација се уште 22 првачиња, покрај 17-те други за кои министерката за образование, Мила Царовска информираше вчера.

Мајка на едно од првачињата, која е и наставник во училиштето, иако веќе неколку дена имала симптоми на коронавирусот, и не одела на работа, сепак детето го носела на настава, известува Општина Центар.

Оттаму најостро го осудуваат неодгворното однесување на наставничката и бараат од директорката целосно да го испита случајот и соодветно да ја санкционира наставничката.

„Нагласувам дека вакво несовесно и неодговорно однесување на еден просветен работник не смее да биде толерирано. Наставниците треба да бидат пример како се работи посветено за доброто на децата и во никој случај не смеат да дозволат со своето однесување да ја доведат во опасност безбедноста на учениците “, вели градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, кој е во постојан контакт со директорите на основните училишта, кои работат според препораките на надлежните здравствени институции.

Како што велат, Општината ги презема сите чекори за одржување на хигиената во училиштата и апелира до образовниот кадар и до родителите да ги почитуваат здравствените мерки и препораки.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски