Центар: Нападите врз градоначалникот Жерновски се целосно неаргументирани

Од:

„Организацијата „Во одбрана на Дебар Маало“ очигледно многу слабо е запознаена со процедурите во локалната самоуправа или, пак, намерно се обидува погрешно да ги претстави работите во јавноста. Граѓаните мора да ја знаат вистината околу идејата за изградба на нова спортска сала во Градски Парк.

Прво, станува збор за распишување на повик за идејно решение за нова спортска сала, а не за готова одлука за нејзино градење. Во оваа фаза, општината прибира идејни решенија кои потоа ќе бидат јавно презентирани. На база на добиените предлози, ќе се одлучи дали и кое од пристигнатите решение ќе се избере. Согласно решението, ќе се направат потребните измени во намените за парцелата. Останува нејасно за каква незаконска постапка зборуваат од здружението.

Второ, јасно е кои парцели ќе бидат опфатени. Станува збор за парцелата каде што сега се наоѓа старата сала и парцелата до неа, каде сега има спортски игралишта. Паркот нема да се уништува како што тоа се обидува да го прикаже организацијата. Напротив, на истите парцели беше планирана 29 метарска барокна катна гаража, која сега нема да се гради.

Трето, изнесена е целосна лага со која се тврди дека е направена пренамена на ДУП-от или дека се правени измени кои не се во корист на граѓаните. Прво, ДУП-от не е донесен, ниту пак е започната јавната расправа. Крајно неодговорно и несериозно трврдење, бидејќи не може да се прави пренамена на недонесен ДУП? Зачудувачки е зошто организацијата го злоупотребува ова, кога самите тие присуствуваа и даваа предлози за новите ДУП-ови. 90% од сите предлози од граѓаните беа усвоени од општината. Со овие измени, новите предлог ДУП-ови одново ќе бидат ставени на јавна расправа и тогаш тие ќе може повторно да дадат забелешки како и досега.

Градоначалникот Жерновски имаше средба со Министерот за транспорт и врски и иницираше темелни измени со достава на пишани предлози за Законот за градење, Законот за просторно и урбанистичко планирање и Законот за постапување со бесправо изградените објекти, со цел донесување и спроведување на квалитетни детални урбанистички планови.
Оттаму, нападите врз работата на Градоначалникот и Советот на Општина Центар се целосно неаргументирани“, се вели во реакцијата на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории