Центар комплетно ќе ја реконструира улицата „Адолф Циборовски“

Од:

„Двесте жители од улицата „Адолф Циборовски“ (поранешна „Мајка Тереза“), писмено се обратија до градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, барајќи решавање на нивниот долгогодишен проблем со огромните дупки и руинираната  улицата.

soopstulica (2)

Жерновски и општината веднаш реагираа и нарачаа проект за асфалтирање на улицата“, соопштуваат од Општина Центар.

„Но, на средбата со граѓаните се увиде дека проблемот е поголем. Освен огромните дупки на улиците кои претставуваат опасност и ја загрозуваат безбедноста на сообраќајот, констатирано е дека тротоарите се  пропаднати, нема  атмосферска канализација, каблите од ЕВН висат над улицата.

soopstulica (3)

Жерновски предложи, а жителите  со задоволство прифатија, „Адолф Циборовски“ комплетно да се реконструира и да добие нов изглед.

Ќе се нарачаат проекти за водовод и атмосферска канализација, ќе се реконструираат тротоарите.

soopstulica (4)

Општина Центар од ЕВН ќе побара каблите да ги спушти под земја, а улицата ќе ја краси и нов дрворед“, пишува во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар