Центар ќе учествува во санацијата на изгорениот стан во зградата спроти гимназијата „Ј.Б. Тито“

Од:

Општина Центар ќе учествува во санација на штетата настаната од пожар на станбен објект на ул. Вељко Влаховиќ, спроти гимназијата „Јосип Броз Тито“.

За ова од буџетот на општина Центар ќе бидат издвоени средства за санација на штетата од пожарот во висина до 620.000 денари.

Пожарот избувна на 28-ми март годинава, во стан кој што е на 11ти спрат.

Во гасењето учествуваа 8 против-пожарни возила.

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, кој со своите соработници веднаш по информацијата за пожарот пристигна на лице место, вети на семејството дека општината ќе помогне во реконструкција за опожарениот стан.

Би можело да ве интересира

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек