А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Центар ќе доделува признанија за Заслужни граѓани, првата ќе се додели на Перо Антиќ

by А1он15/06/2017 - 11:4192
Share0

Општина Центар ќе доделува награди за физички и правни лица од Општината како признание за особени постигнувања во стопанството, науката, уметноста, културата, спортот, воспитувањето и образованието и други области. На овој начин, општината сака да ги награди оние кои придонеле за развојот и афирмацијата на Општината и Република Македонија во светот.

Добивај вести на вибер

Градоначалникот Андреј Жерновски до Советот на Општината достави предлог одлука првата плакета за Заслужен граѓанин на Општина Центар да му биде доделелна на кошаркарската легенда Перо Антиќ, се вели во соопштението на општина Центар.

Кошаркарот Перо Антиќ, жител на Општина Центар, е првиот македонски спортист со освоени три евролигашки титули, нешто кое не им успеало на голем број славни имиња од европската кошарка.

Роден на 29 јули 1982 година во Скопје. Почетоците со кошарката му биле токму во центарското Основно општински училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“.

Поранешниот капитен на македонската кошаркарска репрезентација својата кариера ја започнал во Кошарскиот клуб „Работнички“ Скопје, за кого настапувал од 1999 до 2001 година. После тоа четири години поминал во АЕК Атина, каде во сезоната 2004/2005 го постигнал најдобриот резултат во Евролигата.Со овој клуб бил шампион во 2002 година.

Во 2005 година почнал да игра за Црвена зведа, каде одиграл две сезони и го освоил националниот куп 2006 година.
Подоцна настапувал во дресот на бугарскиот “Лукоил академика” во сезоната 2007/2008 и е прогласен за МВП на бугарската лига и бил најзаслужен за освојување на истата. Потоа се вратил во Русија и играл за екипата на Спартак од Санкт Петербург со која стигнал до титулата во купот на Русија.

Летото 2011 година поминал во грчки Олимпијакос, каде во две сезони освоил две Евролиги 2012 и 2013 и титула првак на Грција.

Во летото 2013 потпишал договор со Атланта, со што станува првиот и единствен кој настапувал во најсилната кошаркарска лига – НБА.

За репрезентација на Македонија настапувал на Европското првенство одржано 2011 година во Литванија, со која го освојува високото четвртто место, остварувајќи го најдобриот резултат во историјата на македонската репрезентативна кошарка.

Исто така во неколку наврати е прогласен за спортист на годината.

Спортската критика секогаш ги истакнувала неговите високо професионални, прецизни спортски техники и постигнувања, потенцирајќи го како вистински пример за врвен спортист.

centar

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Горан Наумовски31/10/2025 - 13:28

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Горан Наумовски31/10/2025 - 11:59

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Горан Наумовски30/10/2025 - 15:58

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ29/10/2025 - 18:1829/10/2025 - 18:19

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски28/10/2025 - 12:0428/10/2025 - 13:42

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски28/10/2025 - 11:1028/10/2025 - 11:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен