Центар ја започна процедурата за уривање на дивоградбата на „Никола Вапцаров“ бр.6

Од:

На денешната седница, одговарајќи на прашање од советничката на ВМРО-ДПМНЕ, Елена Петковска, за поднесена кривична пријава за вработена во инспекција во општината, градоначалникот Андреј Жерновски рече дека е започната процедурата за уривање на дивоградба на улица „Никола Вапцаров“ бр.6.

Градоначалникот денеска го потпишал барањето од Секторот за инспекциски работи за склучување договор од рамковната спогодба со фирма која ќе пристапи кон отстранување на делот од објектот за кој инвеститорите немаат дозвола.

„Се работи за дивоградба во строгиот Центар, на улица „Никола Вапцаров“ бр. 6. Слушам од медиумите дека господинот Владимир Панчевски смета дека има некоја посебна хајка и стратегија од моја страна, односно од инспекцијата, што не е точно. Постапуваме како и во сите случаи кога има дивоградба. Ги слушнав сите одговори од господинот Панчевски, но не слушнав негирање дали се работи за дивоградба. Ова не е хајка, туку почитување на основниот принцип кој го зацртавме со нашето доаѓање, а тоа е законско работење, Вчера го добив од нашата инспекција, а денеска потпишав барањето за присилно административно спроведување на управни акти. Фирмата која го доби ова извршување, треба да го спроведе уривањето на дивоградбата на улица „Никола Вапцаров“ бр.6“, рече Жерновски.

Раководителот на Секторот за инспекциски работи, Кочо Стојчески, одговарајќи на новинарски прашања, посочи дека ќе се побара асистенција на полиција за уривање на дивоградбата.

„Ќе се урива рачно и внимателно и тоа само делот од објектот кој е дивоградба. Целиот објект е ограден, бидејќи и по одобрението за реконструкција, инвеститорите не постапуваат. Затоа е стопирана работата на објектот кој се гради незаконски. Има жалба од еден од инвеститорите, Стојан Панчевски и ургенција од второ степената комисија, но жалбата не го одлага извршувањето. Подносители на барањето за реконструкција се три лица, меѓу кои и претседателот на Кривичниот суд Владимир Панчевски и не може сопствениците на објектот да не знаат кој гради“, вели Стојчески.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски