ВИДЕО: Центар ja прифати иницијативата на „Плоштад слобода“

Од:

Советниците на општина Центар ја прифатија иницијативата на  „Плоштад слобода“,  за измена на Деталниот урбанистички план  која се однесува на 4 локации, од кои трите се спроти  Бристол и едната  во Градскиот парк кај Воениот комплекс.

Иницијаторите,  граѓаните преку  „Плоштад слобода“,  сакаат парцелите на кои се градат катни гаражи и административни  згради повисоки од  20 метри да се заменат со зелени површини, како што беше и претходно и како што бараат жителите.

На оваа иницијатива  се спротивствија советниците  од ВМРО-ДПМНЕ,  навлегувајќи во дебата,  дека во оваа фаза не можат да се менуваат плановите и да се поништат одобренијата за градба иако  беше неколку пати  нагласено  дека ова е само иницијатива, а во натамошната постапка ќе се утврди дали постои таква можност или не.

Од „Плоштад слобода“ чија иницијатива беше прифатена изразија надеж дека со ова ќе почне процесот на мораториум за иградба на деловни објекти со узурпација на зелените површини во центарот на Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар