Центар и Чаир утре без вода, Карпош и Кучевиште без струја

Од:

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека утре без вода ќе бидат жителите на Центар и Чаир, а пак без струја ќе останат корисниците од Карпош и Кучевиште.

Заради технички зафати во електро-системот утре без електрична енергија ќе останат жителите на улицата Прашка во општина Карпош во периодот од 8:30 до 15 часот, како и жителите од Кучевиште, улица 1 и околу црквата од 9 до 15 часот.

Без вода поради изведување на водоводен приклучок ф-2 ќе бидат корисниците од Булеварот Мито Хаџивасилев Јасмин број 12. Прекинатото водоснабдување ќе биде од 9 часот и ќе се однесува на корисниците на дел од Булеварот кои живеат и работат на протегот од Стара Железничка до Дирекцијата на Макпетрол, до изведувањето на приклучокот.

Поради изведување на водоводен приклучок ф-80мм на улицата Серава раскрсница со Коста Абрашевиќ, прекинато водоснабдување од 9 часот ќе имаат корисниците од ул.Серава, Коста Абрашевиќ и Гинекологија Чаир, до изведувањето на приклучокот. 

Би можело да ве интересира

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он

Левица: ЕВН наплаќа „милиони“ за модерна мрежа, додека граѓаните добиваат неквалитетна услуга

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 21 август 2026 изнесува 174,06 евра за мегават час, на МЕМО 140,58 евра за мегават час

СДСМ: Мицкоски избега од пуштањето вода во Гостивар – истиот ден водата забранета во Демир Капија

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје