Центар го продолжи рокот за апликација за проектот „Центар се грижи за возрасните“

Од:

Поради големиот интерес на граѓаните, општина Центар донесе решение за продолжување на рокот за поднесување на апликации за проектот „Центар се грижи за возрасните“.

Апликациите од заинтересираните граѓани се’ уште пристигнуваат, а голем број на граѓани се јавуваат за дополнителни информации.

Поради интересот, но и фактот дека информациите потешко пристигнуваат до повозрасните сограѓани, општина Центар одлучи да го продолжи рокот за аплицирање за дополнителни десет дена и ќе трае до 06.02.2017 (понеделник).

Општина Центар започна со реализација на овој пилот проект кој нуди пакети за нега во домашни услови за жители на општината со над 64 години возраст.

За потсетување, апликацијата, заедно со соодветна документација, се доставува до архивата на општина Центар. Апликантите, или нивни блиски, треба да поднесат фото-копија од лична карта, фото-копија од потврда за пензија и фото-копија од медицински документ за здравствена состојба.

Доколку заинтересираните не се во состојба лично да го сторат тоа од здравствени или други причини, може да се јават на телефонскиот број 076 313 383, соопштуваат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски