Центар го помести објектот на новото училиште за да се зачуваат 18 дрвја

Од:

Општина Центар ги известува граѓаните дека го помести објектот на новото основно училиште во Капиштец, во склоп на самата градежна парцела, за 2,7 метри.

Со ова се спасуваат од сечење 18 дрвја, односно 50 проценти од постоечките дрвја на самата парцела ќе бидат зачувани, соопштуваат од општина Центар.

Во дворот на новото училиште ќе бидат посадени нови 40 високи дрвја, со што практично бројот на дрвја ќе биде зголемен и ќе има вкупно 58.

Во следните неколку денови, „Паркови и зеленило“, јавно претпријатие на Град Скопје, ќе започне со отстранување на дрвјата, од кои најголем дел се стари и заболени.

Општина Центар продолжува со градежните активности за изградба на првото основно училиште во Капиштец.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар