Центар: Го осудуваме сечењето на високи и здрави садници од Град Скопје

Од:

„Општина Центар го осудува последниот потег на Град Скопје да ги исече зимзелените садници на потегот од Триумфалната порта до ГТЦ.

Се работи за оформени, високи и здрави садници, кои го красеа овој дел на централното градско подрачје веќе триесетина години. Ова беше единствената зелена оаза која се наоѓаше сред бетонот.

Садниците се исечени од ЈП „Паркови и зеленило“, со налог од град Скопје. Несфатливо е кому и зошто му пречеше зеленилото кое го красеше просторот и беше место за починка на граѓаните.

Општина Центар не беше ниту известена за ова несфатливо уништување на зеленилото. Повторно укажува приоритет на општинското раководство е задржување на постојното и засадување ново зеленило и дрвја.

Во периодот од доаѓањето на новото раководство и на Андреј Жерновски за градоначалник, обновени се 70.000 м2 зелени површини и засадени се 255 нови дрвја“, се вели во соопштението на општина Центар.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан