Центар е прва општина во Скопје која се вклучува во проектот Банка за храна

Од:

Општина Центар е првата општина во град Скопје која се вклучува во проектот Банка за храна.

Општината логистички и просторно ќе помогне во реализација на проектот за НУЛА ГЛАД во Центар.

Социјални семејства, ќе добиваат социјални пакети и храна, која ќе биде донирана од угостителските објекти и маркети. Оваа помош ќе им биде распределена на оние на кои што им е најпотребна.

„Просторот е веќе обезбеден и изгласан на седница на Советот на општина Центар. Со ова ќе го дадеме својот придонес да се намали бројот на гладните во Центар и активно ќе се вклучиме во борбата против сиромаштијата и гладот“, рече градоначалникот Саша Богдановиќ, кој е амбасадор за борба против гладот.

Проектот е поддржан од Европската унија преку ИПА програмата за граѓанско општество. Со овој проект општина Центар ќе го поттикне подобрувањето на правната и институционална рамка која ќе овозможи превенција на фрлањето храна.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар