Центар: Доколку сакаат војна, Коце Трајановски нека ги спреми парите за неплатените комунални такси кон Центар

Од:

На прес конференција градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски и директорот на ЈП ПОЦ, Саша Богдановиќ посочија дека најавитеод власта по изборите дека ќе има промени кон општина Центар почнаа да се реализираат со отворање на нова војна од страна на град Скопје кон општината Центар и ЈП ПОЦ.

Во понеделник почнува уништувањето во паркинзите во Дебар Маало.

“Ова дивеење од понеделник ќе нанесе штета врз ПОЦ, кое од уништено јавно претпријатие, благодарение на директорот и менаџерскиот тим почна да функционира, но ќе нанесе штета и врз граѓаните. Нема да има контрола кој каде ќе се паркира. Она што е тажно е различниот третман што го надлежните кон ЈП Градски Паркинг и кон ПОЦ“, рече Жерновски.

Регулативата не е средена во ЈП Градски Паркинг, но таму нема проблеми.

“Досега одбегнувавме војна, но доколку ја реализираат намерата да ги уништат паркинзите во Центар, тогаш градоначалникот на Скопје ќе мора да ги плати комуналните такси од неколку милиони евра затоа што наплаќале на улиците кои се под ингеренции на општина Центар. Коце Трајановски нека ги спреми парите, затоа што законите мора да функционираат“, појасни Жерновски.

Директорот на ЈП ПОЦ, Саша Богдановиќ посочи дека цело време биле во контакт со надлежните од град Скопје за сообраќај. За се’, рече тој, имаме поднесено проекти, кои претходно со нив беа заеднички разгледувани и усогласувани. По неколку месеци од поднесување на проектот, тој бил враќан назад со нови барања и забелешки.

“За да се види и разреши проблемот ги повикувам да формираме координативно тело и заедно да го решиме проблемот со паркирање во општина Центар, бидејќи тоа го бараат граѓаните. На улиците Орце Николов, Максим Горки, улиците околу МРТВ и катната гаража, со кои стопанисува ЈП Градски Паркинг немаат соодветни решенија и проекти, но Градски Паркинг нема проблем“, рече директорот на ЈП ПОЦ, Богдановиќ.

Потсети дека долгот затечен од претходното раководство од 200.000 евра е решен и сега некој намерно сака да го уништи претпријатието.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски