Центар: Буџетот за 2018-та е развоен и во корист на граѓаните

Од:

Буџетот на општина Центар за 2018-та година тежи 1.057.588.000 денари. Буџетот е развоен, а при изготвувањето се водеше грижа за интересите на жителите, нивните барања и приоритети кои се вградени во буџетот по двата одржани буџетски форуми.

Советниците дадоа зелено светло и за големината на буџетот и за програмите за работа во 2018-та.
Во буџетот се предвидени средства и за најмладите и за повозрасните. Продолжуваат проектите „Центар се грижи за возрасните“; еднократна парична помош за новороденчиња; еднократна парична помош за социјално загрозени лица.

Со цел да се промовира масовното вклучување на младите во спортот, да се поттикнува натпреварувачкиот дух и здравиот живот на младите, општина Центар ќе доделува стипендии за најталентираните млади спортисти. Стипендии и награди има и за најталентираните ученици и најдобриот образовен кадар.

Во буџетот за 2018-та година се предвидени и рекордно најголеми средства за здрава животна средина, планирана е изградба на нови паркови и зазеленување.

Општината ќе продолжи да ги стимулира граѓаните да користат велосипеди, продолжувајќи го проектот „Цел Центар на Точак“. Бидејќи греењето е најголем загадувач, општина Центар заедно со БЕГ веќе започна подготовки за приклучување на топлификационата мрежа на населбата Маџир Маало.

Составен дел на буџетот е и предлогот на коалицијата О2 за субвенционирање за купување на печки на пелети за ранливите категории домаќинства.

Продолжува изградбата на новото основно училиште во Капиштец и ќе се подобрува енергетската ефикасност во центарските основни училишта и детски градинки.

Предвидени се средства и за изградба на монтажен паркинг, потоа реконструкција и модернизација на јавното осветлување, модернизација на ИТ системите на општина Центар.

Во функција на решавање на најгорливиот проблем, загадувањето, планирани се средства за финансирање на програмата „Изработка на централен ИТ систем за поддршка на поздрава животна средина и намалување на загадувањето“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски