Центар: Ако некој знае како се спроведуваат наместени и фамилијарни тендери тогаш тоа е ВМРО–ДПМНЕ

Од:

„Прес конференцијата на советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар, е само евтин и трагикомичен обид да се одврати вниманието на јавноста од воведувањето на полицискиот час во Скопје и на несразмерно големата полициска интервенција пред „Бристол“, бидејќи граѓаните се жалат дека полицијата сеуште е присутна во центарот на Скопје.

– ВМРО–ДПМНЕ има најмалку право да обвинува за сомнителни набавки и тендери бидејќи ако во Македонија некој знае како се спроведуваат наместени, незаконски и фамилијарни тендери тогаш тоа е актуелната власт на чело со ВМРО–ДПМНЕ.

– Што се однесува на предлог одлуката за набавка на машина за одржување на чистотата, постапката се спроведува согласно законските прописи.

– Со противењето на советничката група на ВМРО–ДПМНЕ јасно се покажува дека советниците не се заинтересирани за одржување на чистотата и за еколошките проблеми на општината.

– Јавните набавки на Општина Центар со доаѓањето на новото раководство се спроведуваат законски и транспарентно и ги покануваме советниците на ВМРО–ДПМНЕ, како и сите граѓани на сајтот на општината да следат како ќе се одвива оваа набавка.

– Разлика во јавните набавки што ги спроведува актуелното раководство во Општина Центар и јавните набавки на ВМРО–ДПМНЕ се разликуваат, а тоа го потврдуваат многуте матни тендери. Набавката на автобусите е пример за наместен тендер. Советниците од ВМРО–ДПМНЕ можат да ја прашаат министерката Гордана Јанкулоска како течеше набавката на автомобилите за полицијата која и самите ја поништија поради незаконитоста во постапката и наводниот хакерски упад за да може тендерот да го добие фирмата која тие ја сакаа“, се вели во реакцијата Општина Центар на пресот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек