Центар: 12 прочистувачи на воздух – донација за градинката „Кочо Рацин“

Од:

Општина Центар на денешната вонредна седница, донесе одлука за прифаќање донација на прочистувачи на воздух за градинката „Кочо Рацин“.

Шест прочистувачи се наменети за објектот „Бели Мугри“ и шест за објектот „Наум Наумовски – Борче“.

„Оваа донација од Ротари клубот Скопје – Камен Мост се повеќе од добредојдени бидејќи со ова значително ќе се подобри квалитетот на воздухот и ќе се намали риззикот од заболување на дишните патишта на децата“, рече градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

Советниците едногласно донесоа одлука за прифаќање на неповратна финансиска помош од Министерскиот совет на Република Бугaрија во износ 135.000 евра за подобрување на енергетската ефикасност на ООУ “Димитар Миладинов“ Скопје.

Поради лошата состојба во која се наоѓа училиштето и фасадата која се одронува и е опасност за децата, градоначалникот Богдановиќ се обрати со барање до Министерскиот совет на Република Бугарија за доделување на неповрана помош.

Договорот го потпишаа градоначалникот и амбасадорот на Република Бугарија во Република Македонија, Н.Е. Иван Петков.

Би можело да ве интересира

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила