Општина Центар реагираше на како што велат селективното пишување во одредени провладини медиуми кои ја обвинија општината зашто трошела пари за рекламирање.
„Уште еден во серијата неуспешни и безидејни обиди преку медиумите блиски до власта да се дискредитира работењето на Општина Центар и градоначалникот Андреј Жерновски.
Сакајќи да го одвлечат вниманието на јавноста од катастрофалната економска состојба и од редицата погубни и штетни политики, два дена владините мегафони измислуваат наводен скандал со како што велат милионски суми, кои ги троши општина Центар за рекламирање.
За да биде јавноста правилно информирана им посочуваме на овие медиуми дека целата поскапка е согласно законските прописи . За да се уверат дека е така, ги повикуваме владините претставници, инспектори, ревизори, да дојдат во општината и да извршат увид во целосната документација.
Напоменуваме дека општина Центар, откако е новото раководство нема исплатено ниту еден денар на кој и да е медиум , и дека само планира да ја информира јавноста за одредени проети кои ги презема општината, а се во интерес на жителите.
Ако е скандал, како што велат тоа што општина Центар планира да потроши 15 илјади евра, нека кажат дали е скандал и дали тоа го напишаа дека ВМРО-ДПМНЕ на МПМ на име реклами им должеше 12, 3 милиони денари.
Меѓународната мисија на организации кои работат на полето на слобода на медиумите, укажуваат дека Владата потрошила 1,1 проценти од буџетот или 39 милиони евра годишно.
Затоа е цинично оваа Влада да кажува кој и како троши за рекламирање“, се вели во соопштението на Општина Центар.
Од Центар посочуваат и на фотографии од медиумите кои ја нападнаа општината, а во кои Владата и ВМРО-ДПМНЕ редовно се рекламираат.