Целосно реконструиран првиот дел од улицата „Апостол Гусларот“

Од:

Општина Центар го заврши првиот дел од реконструкцијата на улицата „Апостол Гусларот“, во Буњаковец.

Направена е коплетна реконструкција на коловозот и тротоарите. Поставен е нов тампон и асфалт во два слоја. На руинираните ивичници се поставени нови бехатон плочки,

Во оваа прва фаза е опфатен потегот од “Никола Тримпаре“ до ОУ „Јохан Јанрих Песталоци“, во должина од 80 метри.

Општина Центар врши подготовки за втората фаза, кога ќе се обновува делот до „Стефан Јакимов- Дедов“

Инаку улицата беше во катастрофално лоша состојба и граѓаните со години реагирале на ударните дупки и оштетените ивичници.

Реконструкцијата на улицата ја зголемува безбедноста и на учениците од ОУ „Ј.Х. Песталоци“.
И овој проект е дел од актуелната акција на општина Центар, „Нова пролет, нова офанзива!“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар