Целосно изгаснат пожарот во Струшко

Од:

Целосно е изгаснат пожарот што вчера попладне избувна во шумскиот предел меѓу струшките села Делогожда и Поум, информира командирот на Противпожарната единица во Струга Минир Мамуди.

Тој посочи дека нивни екипи остануваат на терен да направат проверка на целата опожарена територија за евентуални жаришта.

– Пожарот е целосно изгаснат. Во моментот се прави контрола на целиот терен. Причинета е голема материјална штета, опожарени се над 30 хектари борова шума, изјави Мамуди.

Во гасењето на огнената стихија која била регистрирана вчера околу 15 часот, покрај струшките пожарникари учествуваа и нивните колеги од Охрид, Кичево, Битола и Ресен, екипи на јавното претпријатие „Јабланица“, Дирекцијата за заштита и спасува и локалното население.

Утрово беа вклучени и два специјални авиони за гаснење пожари „Канадери“ на Дирекцијата за заштита и спасување, кои помогнаа во локалнизирање на огнената стихија, која претставувала опасност да се прошири кон населените места.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Почина обвинителот Џемал Лога од Струга

А1он

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он