Цел регион се мајтапи: Кога мислите дека сте лошо, сетете се на несреќната елка во Скопје

Од:

Порталите од регионот ја пренесуваат веста за начинот на кој годинава е накитено Скопје. Елката на плоштадот Македонија е опишана како несреќна, неугледна за дочек на Нова година, недовршена, искривена и ненакитена.

„Додека сите европски градови се тркаат кој ќе има поубаво накитени улици и плоштад, новогишната елка во Скопје стана предмет на потсмев на социјалните мрежи. Елката во престолнината на Македонија е хит на мрежите“, пишуваат медиумите од регионот.

Елката во Скопје пак, беше докитена вчера, но и крајниот резултат не беше пофален на социјалните мрежи. Градоначалничката Данела Арсовска на социјалните мрежи се пофали дека градот ќе биде украсен за 30.000 евра, но се уште не е јавно објавено која фирма ја добила оваа сума.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

ВИДЕО: Конечно и во Скопје, без огномет за дочекот на Нова година

Катерина Ѓуровски

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски

Жена пријави физички напад врз ќерката од поранешниот сопруг во Скопје