А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

„Цел Центар на две тркала“ – Општина Центар доделува субвенции за велосипеди и тротинети

by А1он29/05/2019 - 13:54569
Share0

Од утре започнува повикот на Општина Центар за аплицирање за субвенции за купени велосипеди, електрични велосипеди и електрични тротинети. Повикот е во рамките на проектот кој Општина Центар го спроведува неколку години во континуитет под мотото „Цел Центар на точак“.

Следете a1on на Instagram Instagram

Бидејќи годинава општината ја проширува мерката и вклучува субвенционирање и на електрични тротинети, годинешното мото на проектот е „Цел Центар на две тркала“.

Имено, секој полнолетен жител на Општина Центар кој веќе од утре ќе купи велосипед, електричен велосипед или електричен тротинет може да достави барање за поврат на средства (субвенции) во висина од 30% од вредноста на велосипедот или тротинетот, но не повеќе од 3.000 денари. Потребни документи за аплицирање се: копија од лична карта, копија од трансакциска сметка и оригиналната фискална сметка со сметкопотврда или фактура за купениот велосипед или тротинет, а правото на субвенција е еднократно.

Барањата со комплетната документација се доставуваат во архивата на Општина Центар – Скопје, барака бр.6, почнувајќи од 30-ти мај, по што подносителите ќе бидат известени за редниот број на поднесокот и субвенционирањето.

Следете a1on на Youtube YouTube

Проектот „Цел Центар на две тркала“ има за цел промоција на физичките, спортските и рекретивни активности, но и грижа за животната средина преку стимулирање на граѓаните што повеќе да користат велосипеди и тротинети како алтернативен транспорт. Со тоа значително ќе придонесат кон намалување на сообраќајниот метеж во градот, намалување на загадувањето и заштитата на животната средина.

За сите дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 3203-600.

centar

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски18/08/2026 - 21:0418/08/2026 - 21:51

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Катерина Ѓуровски16/08/2026 - 14:55

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ14/08/2026 - 09:4314/08/2026 - 09:48

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он31/07/2026 - 16:55

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Горан Наумовски31/10/2025 - 13:28

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Горан Наумовски31/10/2025 - 11:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео