Засега има од каде да се набават заштитни маски, но доколку има потреба во соработка со бизнис секторот заеднички ќе излеземе со решение, изјави вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, одговарајќи на новинарско прашање дека како Влада може да и наложат на некоја компанија да произведува маски.
– Засега има каде да се набават маски, но се разбира доколку се случи тоа, не со наложување, туку со преговори заеднички ќе излеземе со понуда. Сметам дека бизнис секторот се става на располагање во оваа криза и јас сум навистина многу среќна затоа што сами пристапуваат и ги нудат своите капацитети. Сигурна сум дека некој од нив истото ќе го предложи и заеднички ќе излеземе со понуда доколку има потреба од такво нешто, рече Царовска.