Царовска во Гази Баба: Во недела да излеземе и да обезбедиме иднина за европска Македонија

Од:

Подобрување на условите за згрижување на стари и на лица со попреченост, зголемувањето на социјалните права, растот на платите и социјалниата реформа, беа темите за кои министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денеска разговараше жителите на Општина Гази Баба.

На средбата со граѓаните минисерката Царовска, истакна дека со зачленувањето на Мaкедонија во ЕУ и НАТО создаваме европска држава во која ќе расте стандардот и граѓанските права, а тоа ќе го постигнеме преку искористувањето на европските фондови кои во секторот социјала за земјите од ЕУ достигнуваат и до половина милијарда евра годишно.

„Институциите се сервис на граѓаните, а тоа го овозможуваме со бројните реформи во системот за социјална заштита. Ние сме подготвени да станеме позитивен пример во регионот и светот. Затоа трајно да влијаеме врз иднината на нашите животи и врз иднината на државата. Ние сме тие што со гласањето во недела одлучуваат за подобра иднина, за европска Македонија“, рече министерката Царовска во Гази Баба.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Ова се избори кога триковите и измамите на нашите противници мора да бидат поразени

Стефковски: Ќе изградиме 40 детски забавни катчиња, и два адреналински паркови во Гази Баба

(ВИДЕО) Митовски: За 30 дена ќе ставам крај на депониите и хаосот со сметот во Гази Баба

Референдум во Република Српска на 25 октомври

Голем пожар во Парк шумата Гази Баба блиску до Природно математичкиот факултет

Горан Наумовски

Арсовска: Оф бе Боби, седи Боби, кец

Предраг Петровиќ