Царовска во Драчево: Работиме на развојни политики во интерес на сите граѓани

Од:

Потпретседателката на СДСМ Мила Царовска и градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски, денес имаа маалска средба со жителите на населба Драчево.

Царовска на средбата истакна дека СДСМ е партија која што навистина се грижи за сите граѓани и посеветено работи на намалување на сиромаштијата, на нови развојни реформи и процеси и на грижа кон сите граѓани и тоа се гледа низ бројни примери.

„Како социјалдемократи вложуваме во сите граѓани и во децата и посветено работиме на подобрување на условите за живот. Тоа го покажавме во претходниот мандат. Продолжуваме со создавање на успешни политики и мерки и во овој мандат на владата”, рече Царовска.

Како што информираат од СДСМ, на средбата се разговарало за други актуелни прашања и предизвици, пред се поврзани со коронакризата и со справувањето со последиците од неа.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

(ВИДЕО) Кузеска: Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од унгарскиот кредит

Горан Наумовски

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ

Ивица Коневски и инвеститор и адвокат на Општина Кисела Вода, обвинува СДСМ

Мицкоски: СДСМ води ПР-стратегија со која истура лаги и не се бори за граѓаните

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство