Царовска во Берово: Се унапредуваат социјалните права и ги подобруваме условите за згрижување на стари и на лица со попреченост

Од:

Подобрување на условите за згрижување на стари и на лица со попреченост, зголемувањето на социјалните права, растот на платите и социјалните реформи, беа темите на денешната работна посета на министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска во Берово.

На средбата со вработените во центарот за социјална работа, со пензионерите и со граѓаните, Царовска ги објасни придобивките од пакет законите за социјална и за детска заштита за најранливите категории граѓани и за лицата со попреченост.

„Институциите треба да станат сервис на граѓаните, а тоа го овозможуваме со бројните реформи во системот за социјална заштита кои се на гласање во Собранието. Со законите за социјална и за детска заштита ги унапредуваме правата на лицата со попреченост. Го зголемуваме опфатот на деца коишто ќе користат детски и образовен додаток за 20 пати и социјално ги обезбедуваме старите лица коишто немаат никакви приходи“, изјави Царовска.

Таа денеска посетата на Берово ја искористи за средба со градоначалникот Звонко Пекевски, и со вработените во Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа.

Царовска го посети и Дневниот центар за лица со посебни потреби, малиот групен дом и Домот за стари лица „Иван Влашки“.

Би можело да ве интересира

Минусни температури во Берово, Попова Шапка под 24 сантиметри снег

Парична награда за првороденото дете во Берово во 2026 година

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Ружински: Патот до Струмица е нашата главна врска со еден од најважните економски центри во регионот

(ВИДЕО) Ружински: Предвидуваме трајно решение за проблемот со улицата „Илинденска“ во Берово

„Етно Плоштад Фестивал 2025“ во Берово

А1он