Царовска во Берово и Пехчево: Го јакнеме животниот стандард

Од:

Потпретседателката на “СДСМ” Мила Царовска вечерва се сретна со граѓаните на Берово и Пехчево со кои разговараше за реформите и мерките спроведени од Владата предводена од “СДСМ”.

„Со мерката младински додаток вложуваме во младите и ги мотивираме да работат во производствената дејност.

Оваа мерка стартува од идната недела и со неа на младите до 23 години ќе им се исплаќа месечно по 3.000 денари.

Ги повикувам младите вработени во производство и земјоделство да се пријавуваат во Центрите за вработување, а парите ќе им се уплаќаат директно на нивните трансакциските сметки”, истакна Царовска.

„Социјална помош ја зголемивме во просек за 300%.

За две и пол години минималната плата ја зголемувме за 60% и сега изнесува 14.500 денари, а плата над 18.500 денари земат 306 илјади вработени.

Пензијата на секој пензионер порасна за 722 денари. Продолжуваме да ја движиме економијата и државата напред”, рече потпретседателката Царовска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО