Царовска со претставници на студентите: Младите се наш важен партнер во создавањето успешни политики

Од:

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска имаше средба со претставници на универзитетските студентски собранија на која се разговараше за сите прашања поврзани со младите и нивното квалитетно образование, но и за зајакнување на соработката помеѓу МОН и Собранието на студентите и воопшто со сите млади во државата.

– Министерката Царовска истакна дека студентите и младите ќе бидат еден од клучните партнери на министерството во креирањето успешни политики со кои ќе создадеме современо и квалитетно образование, но и ќе работиме на подобрување на младинскиот живот и стандард, информира МОН.

Претставниците на собранијата, како што се наведува во соопштението, истакнаа дека соработката е добредојдена и очекуваат активно вклучување на младите во креирањето на сите важни младински политики во државата, особено на оние кои се однесуваат на подобрување на условите за живот.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови