Царовска: Со нови дуални паралелки во Велес обезбедуваме кадар баран од компаниите

Од:

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска, како дел од отворените денови на кампањата „Учи паметно, работи стручно“, ги посети двете средни стручни училишта „Коле Неделковски“ и „Димитрија Чуповски“ во Велес каде од септември се отвораат нови паралелки со струки барани од компаниите.

На штандови поставени во училишните дворови полуматурантите имаа можност да се информираат за придобивките и можностите кои ги нуди средното стручно образование.

– Сметам дека оваа година стигнавме до еден таков конкурс којшто е прилагоден на потребите на учениците и дава една реална слика во кое училиште, колку ученици се запишувале и толку паралелки се дадени, а таму каде што има потреба од нови профили со барање на економијата на реалниот сектор такви и отворивме. Верификацијата на училиштата си тече, измената на наставните програми со зголемен број на часови поминати во компании си тече и сметам дека ќе стигнеме до еден степен на поквалитетно стручно образование се со цел да го вратиме сјајот на стручното образование од една страна, а од друга страна да понудиме образование коешто полесно ќе ги носи учениците до враборување од една страна, појасни Царовска.

Од друга страна, како што додаде, ќе ги носи до поголема шанса да се запишат на високо образование, а посебно на техничките факултети.

Таа упати апел до сите ученици и родители во согласност со своите знаења и интереси да се запишат во средно образование, а кога ги разгледуваат можностите да видат кои се опциите за вработување и креирање на иднина и семејства во нашата држава.

Министерството за образование и наука од идната учебна година воведува стипендии од 3.500 денари месечно за учениците од месечно дуална паралелка, но сепак најголем мотив треба да им биде можноста за брз и успешен настап на пазарот на трудот по формализација на образованието.

– До уписите во средно преостанува нешто повеќе од еден месец, доволно време за полуматурантите добро да размислат и да донесат вистинска одлука според личните афинитети и состојбата на пазарот на трудот, рече Царовска.

Во двете средни стручни училишта во Велес е планирано да се запишат вкупно 508 ученици во прва година. Од нив 322 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик се во СОУ „Коле Неделковски“, а останатите 186 во шест паралелки на македонски јазик во СОУ „Димитрија Чуповски“.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови