Царовска: Сите жени да гласаат за СДСМ – партијата кој препознава родова рамноправност

Од:

Носителката на листа на пратеници во Изборна единица број 1 и потпретседателка на СДСМ, Мила Царовска синоќа на трибина во Аеродром ги повика сите жени на 15 јули да гласаат за Социјал-демократскиот сојуз затоа што во последните три години е направено многу за јакнење на жените во општеството и е единствената партија којашто препознава родова рамноправност.

– Освен што во владата имаме најмногу жени министерки досега, на овие избори настапуваме со листи 50:50 жени и мажи со што го актуелизираме родовото прашање. Успеавме да донесеме и најлиберален Закон за абортус којшто ја остава жената самостојно да одлучува за своето тело. Во изминатиот период направивме многу за економско јакнење на жените а ја ратификувавме и Истанбулската конвенција, рече Царовска.

Таа истакна дека пред идното Собрание ќе се најде целосно нов Закон за заштита и спречување на сите форми на насилство врз жените.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО