Царовска: Реформата во образовниот процес не е никако поврзана со ниту едно надворешно политичко прашање на државата

Од:

Ниту се размислувало ниту се размислува за укинување на групата на македонскиот јазик на Филолошкиот факултет, тоа е пострашно политизирање дури и од укинувањето на предметот историја, оцени денеска министерката за образование и наука Мила Царовска.

Таа по денешниот состанок со претставниците на Управниот одбор на ЗЕЛС во одговор на прашање за реакција на професорката Јасна Котеска во врска со македонскиот јазик, посочи оти не сака да ја коментира професорката и потенцира дека реформа во образовниот процес не е никако поврзана со ниту едно надворешно политичко прашање што го има државата.

-Реформите ни се потребни за дома. Реформите ни се потребни да создадеме граѓани кои ќе знаат да се справуваат со сите предизвици и кои ќе можат да фатат чекор со светот, појасни министерката Царовска.

Таа апелира граѓаните да ги следат формалните канали на Министерството за образование и нејзините социјални мрежи, каде што, како што појасни, секогаш известувале вистинито и навремено.

-Апелирам до сите да ги следат формалните канали на Министерството, но и моите социјални мрежи, каде секогаш известуваме вистиниот и навремено. Тоа го правиме во овој момент. Вчера имавме јасен демант дека такво нешто ниту се планирало ниту се планира и ги молам и медиумите и граѓаните да не подлегнуваат под вакви провокации и невистини, појасни Царовска, која вчера и преку статус на социјалната мрежа Твитер ги демантираше тврдењата на професорката Котеска која објави дека со новата стратегија за образование на Филолошкиот факултет при УКИМ требало да се воведат две научни гранки, а да се укине македонскиот јазик.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови