Царовска: Реформата на основното образование е насочена кон зголемување на дигиталната писменост

Од:

Основното училиште „Ристо Ристески“ од с. Долно Косоврасти победи на онлајн натпреварот по кодирање со уредот „Микро:бит“. Натпреварот го организираше Британскиот совет во соработка со Министерството за образование и наука, како дел од програмата „Училишта на 21век“. Учениците Ермира Оручоска и Сеад Рустемоски го изготвија проектот наречен „Правосмукалка Мирина в1.0“, под менторство на наставникот Ристо Коларовски.

Како што соопштија од Министерството за образование и наука, второто место го освои училиштето „Ашим Агуши“ од с. Радолишта, Струга со проектот „Класификација на отпадот со употреба на микробит“, а третото место му припадна на училиштето „Страшо Пинџур“ од Карбинци кое го изготви проектот „И СМАРТ И СПОРТ (паметна употреба на паметни уреди)“.

Министерка за образование и наука Мила Царовска, обраќајќи се на учесниците на натпреварот, истакна дека досега 65 проценти од училиштата се опремени со микро:бит уреди.

– Ако успееме микро:бит уредот да се воспостави како задолжителна настава за сите, во самиот курикулум и да го користат сите училишта во различни предмети, согласно реформата која што се подготвува за концепцијата во основното образование, тогаш како држава ќе може да се пофалиме дека веројатно во наредните 10 години ќе имаме многу повеќе дигитално писмено население, нагласи Царовска.

Натпреварувачите ги поздравила и британската амбасадорка Рејчел Галовеј, посочувајќи дека дигитализацијата е процес во кој наставниците учат заедно со своите ученици.

Од МОН посочија дека во последната фаза од натпреварот се квалификувале девет основни училишта од државата. Учениците и нивните ментори имале задача да изготват проекти кои ќе понудат решенија за некои секојдневни проблеми од нивното опкружување. Сите фази од натпреварот, вклучително пријавувањето, почетната оценка на проектите и самиот настан, се одвивале онлајн.

– За да бидат успешни, покрај вештините за кодирање, училишните тимовите ги користеа и нивните вештини за решавање проблеми и критичко размислување. За да се квалификуваат успешно за натпреварот, тие ги усовршија нивните вештини за презентирање и создавање видеа, наведоа од МОН.

Програмата „Училишта на 21век“ е финансирана од Владата на Обединетото Кралство.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови