Царовска од Пробиштип: Воведовме бенефициран стаж за рударите и ги зголемивме капацитетите во градинките

Од:

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска беше во работна посета на Пробиштип, каде што се сретна со градоначалникот Драган Анастасов, со рударите, вработените во градинката и во Центарот за социјални работи.

На средбата со рударите, информираат од МТСП, министерката Царовска истакна дека Владата на Република Северна Македонија во програмата за работа 2017/2020 година се обврза дека ќе воведе бенефициран стаж за рударите.

-Со најновите законски измени коишто се на сила исправаме една голема неправда за рударите кои работат под земја, со тоа што од почетокот на годината тие може да остварат право на старосна пензија со навршување на 40 години пензиски стаж за мажи, односно 35 години пензиски стаж за жени. Со овие измени во првите три месеци од годината право на пензија остварија околу 40 рудари, рече Царовска.

При посетата на градинката во Пробиштип, министерката Царовска рече дека МТСП за 2019 година има зголемување за 300 отсто на буџетот планиран за изградба и проширување на објектите за детска заштита низ цела држава. Со проширувањето на постојниот објект на градинката во Пробиштип што е во завршна фаза се решава долгогодишен проблем за згрижување на децата и се добива повеќе простор за околу 40 деца.

Министерката со вработените во Центарот за социјални работи разговараше за имплементацијата на социјалната реформа што е во собраниска процедура. Вработените посочија дека навреме ги завршиле сите подготовки и системот е спремен за да се стартува со исплата на зголемените социјални трансфери веднаш по изгласувањето на законите во Собранието.

Со социјалната реформа за 300 отсто се зголемува сумата што ќе ја добиваат корисниците на социјална помош, истовремено за 20 пати се зголемува и бројот на деца кои ќе имаат пристап до детскиот и образовниот додаток и се воведува социјална сигурност за повозрасните. Ова значи трајно извлекување од сиромаштија за 400 илјади граѓани, значително намалување на детската сиромаштија, унапредување на правата на лицата со попреченост, и поквалитетно предучилишно образование.

Би можело да ве интересира

Измамник не платил за нарачаниот градежен материјал

Изгореа 300 хектари борова шума во неколку пробиштипски села

Горан Наумовски

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Пробиштип го чека Анастасов да остане на зборот и да си поднесе оставка заради јаловиштето

Невреме со град во Пробиштип

Катерина Ѓуровски

Англичани измамиле фирма од Пробиштип и „заработиле“ 425.653 евра

МВР поднесе кривична пријава против полициски службеник од Пробиштип

А1он