Царовска од Дојран: Гласот за Стево Пендаровски е глас за напредокот и подобра иднина на сите

Од:

Членката на Централниот одбор на СДСМ, Мила Царовска, вчера попладне беше во посета на општина Дојран каде на средбите со граѓаните разговараше за актуелната состојба во државата, спроведените реформи како и за претстојните престедателски избори и потребата од вистински претседател.

Интеграцијата во двата најмоќни сојузи на светот ЕУ и НАТО, за нас како држава значи многу. Пред се, значи отворање на можности за младите, за нивно подобро образование, усовршување и напредување. Нашата младина заслужува да ги има истите услови како сите нивни врсници во Европа, рече Царовска.

Царовска ја потенцираше потребата на нашата држава од вистински претседател кој ќе води напред кон интеграција и развој што ќе овозможат подобар живот за сите граѓани.

– Токму Стево Пендаровски е човекот кој ја има таа визија, нашата татковина дел од НАТО и ЕУ, напредна, современа, европска Макеонија. Глас за Стево Пендаровски е глас за повеќе инвестиции, повеќе пари во државата , нови работни места и повисоки плати, порача Царовска.

Царовска ги повика граѓаните да излезат на 21 април и 5 мај да го дадат својот глас за Стево Пендаровски, затоа што тоа е глас за развојот, за напредокот и подобра иднина на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски