Царовска: Над 90 проценти од учениците успешно следат онлајн-настава

Од:

Наставата на далечина во Прилеп и во земјава се одвива успешно и со солиден квалитет. Над 90 насто од учениците се вклучени во онлајн-наставата, а другите што не можат, следат преку телевизија, рече министерката за образование и наука Мила Царовска која денеска беше во Прилеп за да се увери во текот на комбинираната настава и да присуствува на донирањето 100 таблети за прилелпските и битолските ученици од социјално ранливи семејства.

– Констатиравме дека онлајн-наставата солидно квалитетно се одвива, а онаму каде се одвива со физичко присуство, од прво до трето, па и до петто одделение, се одвива со сите протоколи за заштита и нема драстичен број на позитивни случаи на коронавирусот. Така е на целата територија на државава. Има над 90 отсто успешно одвивање и следење на онлајн-наставата. Поточно процентот стигна до 90,2. Ова укажува дека само за еден месец воспоставување онлајн-настава во нашава држава, имаме повеќе од 90 проценти ученици кои следат соодветно и наставници кои соодветно одржуваат настава. За останатите девет проценти се следи настава преку телевизија, благодарност до МТВ што овозможи 15-минутни часови на телевизија, како и со достава на материјали. До 20 ноевмри ќе биде оценувањето на знаењата од првото тримесечие и сите предизвици ќе бидат пресретнувани. Одлично се справуваме со ситуацијата и уверена сум дека ќе имаме успешна учебна година, изјави Царовска.

Мнистерството за образование и наука со општините и училиштата отвори дискусија и секој треба да реши на ниво на општина и на ниво на колектив дали онлајн-наставата наставниците ќе ја одржуваат од училиштата или од дома. одлуката се очекува до 15 ноемвври.

– Ова е вака зашто секој наставник не може од дома да одржува настава. За тоа треба да се изјаснат општините и училишните колективи до 15 ноември кога ќе биде одлуката, рече Царовска.

Денеска се донирани 100 таблети од „Витаминка“ и продукцијата на „Преспав“ – „Охо“, по 50 за прилепските и за битолските ученици.

-Овие таблети се за да им помогнат на учениците од ранливите категории семејства да бидат активни во наставата, рече Симона Симоноска од ПИ „Витаминка“.

-Солидарноста и општествената одговорност се пресудни во вакви тешки моменти. Ги повикувам и другите општествени институции да се вклучат, рече Игор Ангелов од продукцијата „Охо“ и од проектот „Преспав“.

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски објасни дека таблетите се за учениците од ромска националност од прилепското основно училиште „Добре Јованоски“. Инаку општината веќе оддели околу 8 милиони денари за набавка на лаптопи за наставниците, а во тек е постапка со 17 милиони денари за таблети за ученици од ранливите категории семејства.

-Од блок-дотациите во општината се издвоени околу 17 милиони денари за таблети за учениците кои не може да си го дозволат тоа. Постапката е во тек. Не се знае бројот на таблетите, во прашање е колку чинат таблетите. Веќе се издвоени околу 8 милиони денари за лаптопи за наставниците, рече Јованоски.

Во моментов во Прилеп 10 наставници се во изолација, од кои пет се во ОУ „Кирил и Методиј“ во селото Канатларци, а другите се од основните училишта од градот. Има само две деца позитивни на корона-вирусот а 20-ина се во изолација.

Би можело да ве интересира

МОН: Загадувањето на воздухот во затворени простории понекогаш може да биде полошо од надворешното ако не преземеме мерки

Горан Наумовски

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци