Царовска на Преспа форум дијалог: Младите преку градење пријателства го придвижуваат Западен Балкан кон европското семејство

Од:

„Поврзувањето на младите од регионот создава синергија која го забрзува процесот на интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија. Затоа, како претставници на институциите на системот треба да им помогнеме што повеќе меѓусебно да комуницираат, да воспоставуваат пријателства, да градат партнерства и да разменуваат позитивни практики и искуства, бидејќи тоа значи придонес во јакнењето за регионот и негова поголема конкурентност во глобални размери“.

Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска во своето обраќање на форумот посветен на младите и нивната способност да ги придвижуваат општествата напред, кој денес се одржува во Отешево, Преспа, а учествуваат претставници од повеќе земји.

„Една од вредностите на кои ги учиме младите во нашата земја, а која особено доаѓа до израз во последните неколку години кога постигнавме значајни успеси на домашен и меѓународен план е дека само преку активизам и нивно единство во границите на својата земја, но и преку градење на пријателства и партнерства со младите од соседството, од регионот и воопшто светот, можат да ги постигнуваат личните цели и постојано да поставуваат уште повисоки, а со тоа и да помагаат на државата да оди напред“, рече Царовска, нагласувајќи дека според нејзиното неколкугодишно искуство од работата со млади, видливи се промените во начинот на размислување и однесување кај нив и дека тие сé повеќе сакаат да соработуваат со врсници од други земји.

„Младите знаат дека преку личен активизам и преку ширење на контакти и комуникации, побрзо се напредува и се остваруваат личните цели. Затоа, ние возрасните да им помогнеме преку сите начини, канали, средства и алатки кои ни се на располагање, повеќе и побрзо меѓусебно да се конектираат. Така ќе придонесеме и побрзо да созреат, да станат достојни за преземање на улогите кои ние сега ги извршуваме и да ги надминат позитивните резултати и успеси кои ги постигнавме“, потенцираше министерката.

Младинскиот форум на кој покрај министерката Царовска, учествуваа и амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз, ЕУ амбасадорот Дејвид Гир, министерката за образование на Р. Албанија Евис Куши, пратеникот Дарко Каевски, поранешниот министер за образование и пратеник Арбер Адеми и други претставници е дел од неколкудневниот настан „Преспа Форум Дијалог“ што од вчера се одржува од Охридско – Преспанскиот Регион во организација на македонското Министерство за надворешни работи.

Идејата на „Преспа форум дијалог“ е продлабочување на соработката и размена на позитивни практики и искуства помеѓу земјите од Западен Балкан во повеќе области, вклучително и преку младинскиот активизам, а со цел јакнење на регионот и негова целосна интеграција во европското семејство.

Би можело да ве интересира

Мецола: Западен Балкан го забрза својот пат за приклучување кон ЕУ

Видео-бим падна врз модераторката на „Преспа форумот“ во Струга, дебатата е привремено прекината

Горан Наумовски

Ковачевски-Ди Карло: С. Македонија и ОН се партнери во справувањето со глобалните предизвици

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ковачевски-Ескобар: Стратешкиот дијалог со САД отвора перспективи за нови проекти и иницијативи од интерес на граѓаните

Ана Ололовска

Ковачевски на Преспа форум: Интегриран Западен Балкан е важен за обединета економски силна Европа

Ана Ололовска

Состанок во форматот Б6 со специјалните претставници за Западен Балкан

Ана Ололовска