(ВИДЕО) Царовска: Ќе настојуваме да го унапредиме квалитетот на пензионерското живеење

Од:

Над 500-тини пензионери од 40 здруженија на пензионери на Македонија во 11 спортски дисциплини денеска во Кочани учествуваат на 22-рите Републички пензионерски спортски натпревари.

Организатор е Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, а генерален покровител Министерството за труд и социјална политика.

– Возрасните луѓе и пензионерите ја носат мудроста во себе. Ние од вас учиме. Како Влада ќе го почитуваме сето она што е поставено како барање од вас пензионерската организација. Ќе настојуваме како Влада и Министерство да го унапредиме квалитетот на пензионерското живеење во повеќе сегменти од живеењето. Ќе продолжиме со мерката бањско-климатско лекување до крајот на оваа, а планираме да ја реализираме и во наредната 2018 година. Ќе ги покачиме пензиите со усогласување на трошоците на живеење двапати во годината и на крајот на годината, истакна министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Потпретседателот на СЗПМ Салтир Каровски пред присутните зборуваше за активностите кои се темел на организирање на оваа граѓанска асоцијација, а за денешните спортски натпревари истакна дека се најмасовни досега во своето 22-годишно постоење.

– Првите пензионерски спортски игри се одржаа 1996 година во Охрид и на нив учествуваа 10 пензионерски здруженија со 150 спортисти, за да денес да учествуваат 40 здруженија со над 500-тини спортисти, истакна Каровски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот не е празен, ниту се загрозени пензионерите

Пензионерка остана без 17.000 евра – наседна на лажно ветување за заработка од криптовалути

А1он

Пензионирани лекари и сестри ќе можат да работат до 70-годишна возраст

Уставниот суд одби иницијатива за нерезидентни пензионери, запре постапка за Кривичниот законик

Горан Наумовски

МСП: Исплатата на пензиите продолжува редовно, постапката во Уставниот суд не менува ништо во сегашниот модел

Пензионерите кои се за линеарно зголемување на пензиите ќе протестираат во понеделник пред Уставниот суд