Царовска: Ќе имаме организиран почеток на учебната година

Од:

Ќе имаме предизвици и во наредниот период, процесот нема да биде лесен, периодот за подготовка беше краток, но мислам дека имаме основи да кажеме дека училишната година ќе почне организирано и дека ќе имаме пристап до образовен процес кој ќе биде добар и да се надеваме дека согласно со епидемилошката состојба тој ќе биде и динамичен, и дека ќе имаме успешна 2020/2021 година, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска при посетата на две основни училишта во Гази Баба.

Повика на трпение од сите засегнати страни и грижа, пред сè, за наставниците кои, како што рече, го трпат најголемиот притисок во овој момент. Ги повика учениците, родителите, наставниците, директорите и градоначалниците заедно да придонесат во процесот.

Градоначалникот на Гази Баба Борис Георгиевски рече дека за успешен старт на учебната година се подготвени сите 11 основни училишта во општината – и за онлајн-настава и за фиизичко присуство, навремено се разработени протоколите, а набавени се и компјутери за наставниот кадар, како и таблети за учениците.

– Со средствата што ги заштедивме од блок-дотациите од МОН и од Општина Гази Баба обезбедивме 350 компјутери, а остатокот е од фирмите кои ги донираат таблетите за ученици што ги немаа за следење онлајн-настава. Во донацијата учествуваа повеќе од 15 фирми од општина Гази Баба, рече Георгиевски, додавајќи дека се вклучиле и родители со донирање користени ИТ-уреди.

Претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура-СОНК Јаким Неделков го пофали градоначалникот Георгиевски и го посочи како добар пример и за другите градоначалници како да ја подобрат инфраструктурата и да обезбедат компјутери, лаптопи и помагала за донирање на ученици од социјално ранливи семејства.

Останува, рече тој, да се договори начинот на решавање на проблемот со зголемениот обем на работа на наставниците и вишокот фонд на часови, евентуално со отоврање на дневниот престој. Набргу очекува да се договори заемно прифатливо решение кое Синдикатот и МОН ќе го соопштат пред наставниците.

Би можело да ве интересира

МОН: Загадувањето на воздухот во затворени простории понекогаш може да биде полошо од надворешното ако не преземеме мерки

Горан Наумовски

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци