Царовска и Шекеринска на средба со ученици олимпијци по информатика, ќе се имплементираат нивните препораки во образованието, а МО ќе доделува стипендии

Од:

Министерките за образование и наука Мила Царовска и за одбрана Радмила Шекеринска денеска се сретнаа и ги слушнаа искуствата на ученици од основно и средно кои освоија медали на меѓународни олимпијади по информатика. Царовска нагласи дека сите препораки што ги добиле денеска ќе се обидат да ги имплементираат и во основно и во средно образование, а Шекеринска најави дека од почетокот на 2021 година МО ќе почне да стипендира млади кои студираат и се образуваат за т.н. критични специјалности за Армијата.

Министерката Царовска изразувајќи задоволство од разговорот со овие ученици, посочи дека слушнала што е тоа што треба да се промени во образовниот систем, но и колку повеќе треба да се вложи во нив за, подвлече, да имаме одличен резултат не само како поединци кои освојуваат награди на олимпијади, туку да се подигне нивото на знаење и квалитет во образованието кај сите ученици во нашата држава.

– Секој медал позади себе носи макотрпна работа многу знаење и мнгу посветеност за секој од нив, изјави по средбата министерката Царовска.

Шекеринска, пак, потенцирајќи дека овие млади и покрај се успеале да се пласираат и себе и државата и на европско и на светско ниво, рече дека тоа покажува оти имаме потенцијал, а тој потенцијал мора повеќе да го помагаме.

Таа појасни дека стипендиите што МО ќе започне да ги доделува ќе бидат од области кои се потребни на Армијата и на одбраната, а ги немаат доволно, такви се информатика, електротеника, сајбер одбрана, области во кои е потребно специјализирано знаење и дополнителна наобразба.

– Од почетокот на 2021 година ќе се започне со првите конкурси за стипендирање што ќе ги опфати сите години на факултет, а ќе бидат секоја година се повисоки. Единствениот услов што треба да го исполнат кандидатите е да преземат обврска по дипломмирањето да работат во полза на нашата одбрана и Армијата, рече министерката Шекеринска.

Таа дополни дека покрај месечна стипендија, ќе има и поддршка на научни помагала и средства што се неопходни во текот на годината.

Според неа, на тој начин ќе може прво да се создаде подобар одбранбен систем, пофункционална Армија, а ќе има и што да им понудиме на дел од командните структури на НАТО.

Би можело да ве интересира

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски